
Промоцијата на романот „Судниот ден“ на Александра Димитрова во издание на „Фуснота“ ќе се одржи в сабота (14 јуни) во кафе-книжарница „Буква“ со почеток во 18 часот. Промотор на книгата е Душко Крстевски.
Дизајнот на корицата го изработи Мите Спасовски. Извадоци од романот ќе чита Сузана Прањиќ Талевска.
Книгата е објавена со финансиска поддршка од Министерството за култура и туризам.