
Во Музејот на град Скопје утре ќе се одржи промоција на Монографија и изложба посветена на ТАКИ М. ПАВЛОВСКИ 12 мај 1939 – 17 мај 2023.
Ars longa, vita brevis!
Таки Павловски оствари исклучителен значаен придонес во развојот на македонската (југословенска – Европа) ликовна уметност и култура.
Еден од најистакнатите македонски уметници од својата генерација, Павловски моментално е застапен во „Едиција/ 55 години креативност (17 тома)“ поддржана со самостојна изложба на неговите рани дела од 70-тите и 80-тите години во Музејот на град Скопје, која го слави придонесот на уметникот во глобалниот модернистички канон. Овие рани дела, несомнено, денес претставуваат дел од антологиските остварувања на македонското ликовно творештво.
Промоција
ЕДИЦИЈА – Монографија
ТАКИ ПАВЛОВСКИ
55 ГОДИНИ ТВОРЕШТВО 1966-2021
/17 тома/
Претставува издание од посебен вид, Едиција на целокупно творештво од 55
години -17 тома, на визуелен автор, досега не издадено во ваков обем и форма на
тлото на Македонија, бивша Југославија- Балканските простори – Европа.
Претставува второ издание – дополнето на претходното: Едиција – Таки Павловски
/50 години творештво 1967 – 2017 /10 тома/ издадена во 2018г.
Покровител:
Музеј на Град Скопје – Скопје
Министерство за Култура на РСМ
Општина Карпош , Град Скопје , Скопје
___________________________________________
Куратор: Емил Алексиев
Организација: Светлана Димовска
Лектор: Ана Пановска, Елизабета Коневска
Превод на англиски: Зорица Теофилова, Игор Јанковски, Наташа Папазовска –
Левкова, Билјана Николовска – Прлја
Фотографија: Благоја Дрнков, Станимир Неделковски
Дизајн и подготовка: Горан Јованов
Текст на македонски и англиски јазик
Издавачка куќа: Ројал Арт – Скопје
Благодарност до д-р. Марија Павловска за ангажманот и креативно инвентивните интервенции во едицијата.
______________________________
Поставка/ Изложба
ТАКИ М. ПАВЛОВСКИ
ОБЈЕКТИ – ГРАДБИ 1970-1980
( селектирани дела, дел никогаш неизложени)
27 март – 27 април. 2025
Музеј на Град Скопјe