Skip to main content

Премиера на новата театарска претстава за млади „Чудо“ на 10 февруари

Новата театарска претстава за млади „Чудо“, со текст и режија на Хана Миленковска, како и младата актерската екипа: Мартина Даниловска, Наум Ѓорѓиески, Ангела Пејковска, Димитар Паскоски и оригинална музика на Ади Имери, ќе биде изведена во културниот центар „Јадро“ на 10 февруари во 20 часот. Претстава е дел од кампањата „Биди чудо од девојка“, во рамки на проектот „Еднакви можности за девојките и младите жени во Македонија“, кој го спроведуваат Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) и Мрежа Стела, со поддршка од Британската амбасада.

Целта на оваа претстава е да се занимава со актуелни проблеми на младите луѓе од овој геополитички контекст, врзани со род, социјален статус, недостаток на конструктивна поддршка од системот и родителите, како и неможност да се потпрат на никој освен на своите врсници за одредени прашања. Младите денес сѐ уште се соочуваат со недостаток на слух од образовниот систем, површно третирање на суштински проблеми, како врсничко насилство и родова и дискриминација по основ на сексуална ориентација. Покрај тоа, не постои формално сексуално образование, како и конзистентна и бесплатна поддршка за проблемите со менталното здравје кои за жал во ова доба се доста присутни“, наведено е во соопштението од Мрежа Стела.

Поврзани вести