
Народен театар – Битола ја најави својата прва премиера за 2026 година. На 19 февруари своја премиера ќе има праизведбата на „Пламенка“ по истоимениот роман на Петре Димовски, а во режија на Софија Ристевска – Петрушева.
Драматизацијата на романот ја направи Билјана Крајчевска, која подготвила седум варијанти до вистинската варијанта.
Како што и ветивме дека акцентот ќе биде на македонските автори на македонската драматургија и на македонските креативци и театарски работници, така и остваруваме.“ – потенцираше директорот Васко Мавровски.
Во претставата играат: Маја Андоновска – Илијевски, Викторија Степановска, Катерина Аневска – Дранговска, Вероника Ефтимова и Валентин Дамчевски. А улогата на Пламенка во претставата ја играат дури три актерки: Вероника Ефтимова, Маја Андоновска – Илијевски и Викторија Степановска – Јанкуловска.
Пламенка е само уште едно потсетување дека ние секој, дека секоја фамилија, секој човек има по неколку Пламенки во својот живот“, вели Андоновска – Илијевски која со оваа претстава се присети на приказните од својата баба.
Во претставата играат и два млади актери Валентин Дамчевски и Вероника Ефтимова, на која ова и е прва улога во Битолскиот театар.

Македонски



