Тричлените жири-комисии задолжени за избор на добитниците на традиционалните годишни награди на Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ) за 2024 година со анонимно гласање ја направија првата селекција на дела што влегуваат во вториот круг од конкурсот, соопштија од ДПМ.
Делата-финалисти за секоја од петте награди ќе бидат објавени на 4 февруари, а тоа е воедно денот кога на секој член на жири-комисија ќе му биде обзнанет составот на тричлената жири-комисија. Во следните неколку дена, петте жири-комисии ќе се состанат и ќе одлучуваат за победниците, кои ќе бидат обзнанети на 11 февруари на прес-конференција во Друштвото на писателите на Македонија.
Наградите на ДПМ за 2024 година ќе бидат свечено врачени на 13 февруари, денот на кој ДПМ ќе одбележи 78 години од своето основање.
За наградата „Стале Попов“, за најдобра прозна книга објавена во 2024 г. од страна на писател член на ДПМ, од вкупно пријавените 11 дела, во полуфиналниот круг влегуваат следните 7 наслови:
- „Ветрилиште“ (Игор Анѓелков, „Или-или“)
- „Собирачите на пластични шишиња“ (Љубинка Донева, „Современост“)
- „Кој го уби Едгар Алан По“ (Владо Јаневски, „Или-или“)
- „Леска Брезоска“ (Симона Јованоска, „Или-или“)
- „Човек глагол (Homo-verbum)“ (Елизабета Јончиќ, „Слово љубве“)
- „Приказничар“ (Жарко Кујунџиски, „Антолог“)
- „Јод“ (Снежана Младеновска-Анѓелков, „Или-или“)
За наградата „Ацо Шопов“, за најдобра збирка поезија објавена во 2024 г. од страна на автор член на ДПМ, од вкупно 16 дела, во полуфиналниот круг влегуваат следните 8 наслови:
- ,,Рајсфершлус“ (Јулијана Величковска, „ПНВ Публикации“)
- „Бог на ба(к)терии“ (Митко Гогов, „Макавеј“)
- ,,Јазикот што само ние го разбираме“ (Зоран Јакимоски, „ПНВ Публикации“)
- „На грбот на неповратот“ (Владо Јаневски, „Агенција за иселеништво“)
- „Светлината во нашите вени“ (Стефан Марковски, „Современост“)
- „Одглас (на нечуеното)“ (Сузана Мицева, самиздат)
- „Непронајдено прибежиште“ (Сашо Огненовски, „Антолог“)
- „Посвети и пофалби“ (Ивица Џепароски, „Дијалог“)
За наградата „Ванчо Николески“ за најдобра книга за деца и млади објавена во 2024 г. од страна на автор член на ДПМ, од вкупно 9 конкуренти, во полуфиналниот круг влегуваат следните 6 наслови:
- „Бакнежи на небото“ (Иван Антоновски, „Светулка“)
- „Играме, растеме“ (Владо Димовски, „Арс Ламина“)
- „Саканија“ (Љубинка Донева, „Панили“)
- „Со големо Д (прозен воспев на Другарството)“ (Александар Кујунџиски, „Антолог“)
- „Очи во очи“ (Ели Маказлиева, „Едука Мак“)
- „Првото жарче Љ У Б“ (Велко Неделковски, „Арс Ламина“)
За наградата „Димитар Митрев“ за најдобра книга критика или есеистика, од вкупно пријавените 6 книги во вториот, истовремено и финален круг влегуваат следните 3 наслови:
- „Книжевни паметници“ (Наташа Аврамовска, Институт за македонска литература)
- „Жени во македонската книжевност од XIX век“ (Славчо Ковилоски, Институт за македонска литература)
- „Дом во тишина“ (Никола Маџиров, „Арс Ламина“)
За наградата „Мост“, која се доделува на книга објавена на некој од јазиците што ги зборуваат националностите во Македонија, се пријавени следните 3 дела:
- „Била једном једна кућа“ („Беше еднаш една куќа“, Гордана Јовиќ Стојковска, „Слово љубве“),
- “Vetëtimat e heshtjes” („Молњи на молкот“, Делвина Крлуку, самиздат) и
- “Kopeja Me Zgjebe ndjek autorin” („Шугавото стадо го брка авторот“, Каљош Челику, самиздат)