
На 3 јули годинава, по кратко боледување, почина проф. д-р Катерина Мирчевска долгогодишен научен советник во Институтот за национална историја, соопштија од Институцијата.
Проф. д-р Мирчевска беше посветен истражувач и врвен професионалец, која со својата научна работа, човечка доблест и колегијалност остави длабока и неизбришлива трага во македонската историографија и во животот на нашата институција. Нејзиниот богат научен опус, професионален интегритет и искрена посветеност кон науката ќе останат трајно сведоштво за нејзиниот придонес во развојот на историската наука во Македонија, велат од Институтот за национална историја.
Институтот за национална историја изразува искрено и длабоко сочувство до нејзиното семејство, роднините, пријателите и сите што имаа чест да соработуваат со неа.

Македонски


