
Вечерва, на 4 септември (четврток) со почеток во 20:00 часот, во дворот на Офицерскиот дом во Битола, ќе се одржи симболичниот чин на предавање на уметничко пијано, донација од Халкбанк АД Скопје за Културно-информативниот центар Битола.
Ова пијано не е обичен инструмент – на неговата површина е изведена уметничка интервенција од македонски артисти, со што секој тон ќе добива и визуелна димензија. Вечерва, токму во Битола, ќе биде првото јавно откривање на пијаното пред градот.
Чинот на откривање ќе биде проследен со настап на:
Алексeј Белевски, пијанист и ученик во Музичкото училиште – Битола
Анастасија Гичевска, пијанистка и професорка во Музичкото училиште – Битола
Пијан Славеј, во пијано придружба на проф. Вангел Мажевски