Skip to main content

Отворена е фото – изложба по повод 30 години дипломатски односи помеѓу Јапонија и Македонија

Јапонската Амбасада во земјава оваа година слави 30 години од воспоставување на дипломатските односи помеѓу Јапонија и Македонија која беше одбележана со повеќе од 30 културни настани вклучувајќи концерти, работилници, изложби и „Недела на јапонски филм“.

Последен настан од годинешното прославување на пријателството помеѓу двете земји, како што наведуваат во соопштението од Амбасадата е отворањето на фото-изложбата „30 години дипломатски односи, Јапонија и Македонија“ која е поставена во East Gate Mall и ќе може да се погледне до 24 декември.

Воедно, Амбасадата на Јапонија изразува благодарност до медиумите за интересот за јапонските настани годинава.

Поврзани вести