
Осум графики од францускиот сликар Анри Матис беа украдени денес од библиотека во Сао Паоло, Бразил, објавија локалните медиуми, повикувајќи се на градскиот совет.
Според медиумите, двајца вооружени мажи влегле во библиотеката „Марио де Андраде“ и избегале со уметничките дела.
Присуството на полицијата во областа е зголемено, објави „Ле Фигаро“.
Покрај графиките на Матис, украдени се и пет од бразилскиот сликар Кандид Портинари, објави градскиот совет.
Графиките беа изложени како дел од изложбата „Од книга до музеј“, која беше организирана во соработка помеѓу библиотеката и Музејот на модерна уметност во Сао Паоло.
Не е познато кои графики се украдени.

Македонски







