Skip to main content

Нова книга на новинарот Љупчо Јолевски „Дијзалози на слободата“

„Дијалози на слободата“ новата книга на новинарот Љупчо Јолевски ќе биде промовирана во четврток, на 27 ноември, во 19 часот во галеријата „Метаноја“ во Скопје.

Во книгата се забележани четириесеттина разговори со исто толку современи македонски визуелни уметници работени во периодот пред, за време и по пандемијата. Годините кои по многу нешта го изместија нашето живеење, моментите на преиспитување на нашите поимања на опстојбата и потребата да се креира еден вид отпор и жед за лет, и конечно ја потврдија идејата за слободата како врвен дострел, соопштија од издавачката куќа „Метаноја“.

Настанот ќе го отвори директорката на „Метаноја“ Нада Милкова, а за книгата ќе говорат Коста Милков и Маја Чанкуловска-Михајловска. За своето дело на публиката ќе ѝ се обрати и авторот Љупчо Јолевски.

Промоцијата на Дијалози за слободата ќе се одвива во амбиент на изложените дела од поставката „Лица“ на Здружението за култура ТРАНЗЕН и на домашната ликовна публика по прв пат заедно ќе и ја дари изложбата „Живот за уметноста“ на Александар и Ивана Настески.

Поврзани вести