Skip to main content

Музичко-поетска вечер со Марко Виденовиќ и триото „Мевлем“ во Филхармонија

Во Камерната сала на Македонската филхармонија , во 20 часот, ќе се одржи музичко-поетска вечер со Марко Виденовиќ и триото „Мевлем“.

Филхармонија го најавува проектот „Мевлем“ како уникатна симбиоза на музика и поезија, создадена од композиторот и поет Марко Виденовиќ, кој преку своите дела создава извонредна уметничка комуникација помеѓу звуците и зборовите.

Проектот вклучува премиерни изведби на специјално создадени композиции што го прави овој циклус клучен за промовирање на домашното музичко творештво, со фокус на македонскиот културен идентитет.

Авторот на музичко-поетскиот проект Марко Виденовиќ го придружува триото „Мевлем“: Памела Велкова на виолина, Верица Ајтовска на виола и Енис Аљи на виолончело.

Минатата недела „Мевлем“ се претстави пред публиката во Белград и во Загреб. Концертот во Белград беше хуманитарен, а собраните средства се наменети за настраданите од неодамнешната трагедија во Кочани.

Македонската филхармонија веќе ја покажа својата солидарност кон Кочани донирајќи финансиски средства, а концертот „Без зборови“ беше хуманитарен и посветен на загинатите и повредените во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“.

Поврзани вести