Skip to main content

МСУ водич и матине в сабота, на 7 февруари со Бојана Јанева

В сабота (7 февруари 2026), во 12 часот, Музејот на современа уметност (МСУ) Скоје организира „МСУ Водич и Матине“ со кустосот Бојана Јанева која ќе ги прошета посетителите низ интернационалната изложба „Истокот е сè уште можен“.
Координатор на настанот е Анжелика Апсис, а музичкиот избор е на Нино Наумов. Влезницата чини 150ден.

Изложбата „Истокот е сè уште можен“ е продолжение на соработката меѓу МСУ – Скопје и МГ+МСУМ, Љубљана што започна со заедничката изложба „Ткаење светови: Колекции во разговор“, која се отвори во февруари 2025 година во Музејот на современа уметност „Метелкова“. Куратори на изложбата се: Бојана Пишкур, Мартина Воук (МГ+ММСУ, Љубљана); Ивана Васева, Благоја Варшанец, Ива Димовски и Владимир Јанчевски (МСУ-Скопје).

Напомена: Изложбата вклучува содржина наменета за публика над 18 години.

За време на матинето, посетителите ќе може да ги погледнат и останатите тековни изложби во музејот:„Сè што ни е заедничко (ИНСТИТУЦИЈА КОЈА ДИШЕ)“ , „Земјата која се промислува постојано…“ и „Допри ја природата“.

Поврзани вести