
Монументалниот витраж „Подем“ на македонскиот уметник Борко Лазески од 1971 година од септември ќе добие нов дом, во новиот објект на „Стопанска банка“, во центарот на Скопје. По соодветна реставрација ќе биде повторно поставен таму, планот е тоа да се реализира во текот на летото, а во септември да се организира и свечено отворање, добила уверување од банката, ќерката на Лазески, Росица. Витражот, кое е едно маестрално уметничко дело, со децении беше еден од препознатливите уметнички симболи во ентериерот на Стопанска банка во ГТЦ, а по преселбата ќе добие уште поголемо и соодветно место.
На 16 јуни, денот кога се одбележуваше 33-годишнината од смртта на еден од најеминентните македонски уметници, Борко Лазески, првиот директор на Уметничката галерија во Скопје која денес е позната како Национална галерија на Македонија, профилот „Мелеем“ го актуализираше прашањето каде се наоѓа сега витражот, а во потрагата се вклучи и Росица Лазеска, ќерка на уметникот.

Македонски



