Skip to main content

Мицкоски го промовира Охрид и Свети Климент средe Америка

Премиерот Христијан Мицкоски се обрати на конференцијата CPAC – големиот десничарски настан кој се одржува во Вашингтон, а на кој годинава ќе се обрати и претседателот Доналд Трамп, на која се обратија потпретседателот Џеј Ди Венс, спикерот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон, голем број претставници на администрацијата на Трамп, странски државници и водечки десничарски коментатори од САД.

Во рамките на своето обраќање, Мицкоски го стави фокусот врз македонската историја и културно-духовното наследство, особено истакнувајќи ја важноста на Охрид и Свети Климент Охридски. Со ова, премиерот Мицкоски ја пренесе македонската културна и духовна приказна во срцето на Америка, нагласувајќи ја важноста на зачувувањето на националниот идентитет и вредностите што Македонија ги негува низ вековите.

Една од работите зошто мојата земја е многу важна е тоа што кај нас има едно езеро, Охридското Езеро, а кога се зборува за Охридското Езеро треба да се истакнат две рабти. Првата е дека тоа е најстарото езеро во Европа, а втората е дека првиот универзитет во Европа бил основан крај Охридското Езеро, тоа е универзитетот на Светите Кирил и Методиј. Тоа е многу важно и можеби би било атрактивно за американската публика да го посети Балканот, да ја посети мојата земја и да го посети Охридското Езеро“, истакна Мицкоски.

Поврзани вести