Skip to main content

Македонско-американски тим археолози истражуваат на битолскиот локалитет Градиште

Македонско-американски тим археолози, професионалци од НУ Завод и Музеј-Битола и од Универзитетот Кал Поли Хамболд од Арката, Калифорнија, САД, продолжија со ланските истражувања на археолошкиот локалитет Градиште, кај битолското село Црнобуки.

И оваа година археолошкиот локалитет Градиште кај селото Црнобуки ни ги даде своите дарови. Мноштвото на движни и недвижни археолошки наоди повторно ги збогати нашите сознанија за овој древен македонски град. Секоја пронајдена монета, секој пронајден сад, секој пронајден метален предмет, сите тие ни ја раскажуваат приказната за Градиште кај Црнобуки, за животот на обичниот човек, за походите на големите генерали, за трговските врски со околните големи градови Тесалоника, Пела, Амфиполис, Дирахион.  Ја откриваме приказната за нашите предци како достојни наследници. Ние сакаме да го откриеме минатото за подобро да ја градиме иднината, истакна Енгин Насух, раководител на проектот, советник кустос археолог во НУ Завод и Музеј Битола.

Поврзани вести