
Хрватската кино премиера на „Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска се одржа вчера вечер во загрепското Докукино Киц. Хрватската кино премиера беше во организација на хрватскиот дистрибутер „Рестарт“, „Волим документарце“ и македонскиот Културно-информативниот центар во Загреб.
Во преполната кино сала публиката имаше ексклузивна прилика да го види најновото успешно остварување на македонската филмска документаристика. Публиката беше суптилно и моќно освоена од древната легенда за Силјан штркот, оживеана во поетска, моќна и визуелно волшебна филмска приказна за идентитетот, корените и човештвото.
Свои обраќања пред проекцијата на филмот имаа раководителката на ДОКУ КИНО КИЦ Дина Покрајац и директорката на македонскиот КИЦ во Загреб, Мими Ѓоргоска Илиевска, која во своето обраќање изрази посебна благодарност за поканата од страна на хрватскиот дистрибутер „Рестарт“ и платформата Volim Dokumentarce, македонскиот КИЦ во Загреб да биде еден од партнерите на кино-премиерата и дистрибуцијата во Хрватска на најновото филмско остварување на Тамара Котевска, „Приказната за Силјан“.
Ни претставува вистинско задоволство што македонскиот КИЦ годината ја започна со кино-премиерата во Хрватска на македонскиот документарен филм, „Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска, која на сите ни е позната по нејзиното претходно филмско остварување „Медена земја“, за кое беше номинирана за најпрестижната филмска награда – Оскар, велат од Македонскиот КИЦ во Загреб.

Изразуваме благодарност за поканата од страна на хрватскиот дистрибутер #Рестарт и #VolimDokumentarce, македонскиот КИЦ во Загреб да биде еден од партнерите на кино-премиерата и дистрибуцијата во Хрватска на „Приказната за Силјан“ кој што својата премиера ја имаше на престижниот Меѓународен филмски фестивал во Венеција и е добитник на повеќе награди на меѓународни фестивали.
Македонскиот КИЦ во Загреб преку вакви соработки, не само што ги шири хоризонтите на регионалната културна сцена, туку доследно и достоинствено ја презентира македонската култура, филм и авторство надвор од националните граници, градејќи мостови на разбирање, дијалог и културна размена, во насока на промоција на македонските и хрватските културни вредности

Македонски




