Skip to main content

Љутков: Почнуваат конзерваторско-реставраторските зафати на ѕидното сликарство во црквата „Св. Константин и Елена“

Денеска заедно со директорот на Завод и музеј – Струмица,  Бранко Ѓоргиев,  и со градоначалникот на Општина Ново Село, Ѓорги Божинов, сме во Мокрино  за да го означиме почетокот на еден значаен проект за заштита на нашето културно наследство, рече министерот за култура и турзиам Зоран Љутков.

Со над 2 милиони денари, обезбедени преку унгарската кредитна линија и наменети за општината, веќе следната недела започнуваат конзерваторско-реставраторските зафати на ѕидното сликарство во црквата „Св. Константин и Елена“.

Станува збор за едно од најстарите и највредни духовни и културни обележја во струмичкиот регион, сведок на нашата традиција и  идентитет, изградено во 1870 година.

Носител на работите е  Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј-Струмица, а во реализацијата ќе учествуваат и стручни лица од Националниот конзерваторски центар од Скопје.  

Факт е дека во минатото се зборуваше за заштита на културното наследство, но малку се работеше. Денес, наместо празни ветувања, имаме конкретен проект, јасен план и обезбедени средства. Овој проект претставува значаен чекор во зачувувањето и афирмацијата на културното наследство на Општина Ново Село.

Затоа ќе продолжиме со посветена работа и инвестиции во културата, бидејќи наша обврска е да се грижиме и да го зачуваме ова вредно наследство за идните генерации.

Поврзани вести