
Во Македонскиот народен театар, на малата сцена, на 19 јули премиерно ќе биде изведена претставата „Лов на дива свиња“ од црногорската современа писателка Марија Сарап, во режија на Наташа Поплавска.
Изведбата е во рамки на фестивалот „Скопско лето“.
По потпишувањето на Меморандумот за соработка, претставата ќе се реализира во копродукција помеѓу Македонскиот народен театар, Градското позориште од Подгорица и Здружението за развивање на уметност и културна соработка „Арт Медиа“ од Скопје.
Во претставата учествува актерска екипа од двете земји: Ана Стојановска, Искра Ветерова – Славенска и Мина Јелушиќ-Јериниќ од Македонија, како и Ѓоргије Татиќ и Вукан Пејовиќ од Црна Гора. Премиерната изведба во Подгорица, Црна Гора, е планирана за септември.
Претставата е дел од Националната програма за култура за 2025 година и финансиски е поддржана од Министерството за култура и туризам на Република Македонија и од Градот Подгорица, Црна Гора, како и од неколку македонски компании и ресторани.