Skip to main content
Завршена санацијата

„Куќата на Робевци“ ќе има нов систем за обезбедување на „Златната соба“ каде се изложени 500 златни и позлатени предмети

Завршија активностите за санација и реставрација на Куќата на Робевци во Охрид, еден од најзначајните и најпрезезентативни објекти од старата градска архитектура.

Со средства обезбедени од Охридскиот Завод и музеј и ресорното Министерство за култура изминатите месеци беа спроведени обемни зафати на објектот,  градежни интервенции на фасадите и на крововите, како на самата куќа така и на попратните објекти од спомениниот комплекс како што се Магазата, депото и Лапидариумот.

Како што посочи за МИА директорот на охридскиот Завод и музеј, Горан Патчев, изведена е и внатрешна реконтрукција на подовите, како и вградување нов систем за проветрување и затоплување на Куќата на Робевци.

Станува збор за еден од најголемите проекти, со кој  се обезбедуваат идеални услови за самите експонати во објектот, меѓутоа и подобри услови и за вработените и посетителите, рече тој.

Објектот е предвидено да добие и нов систем за обезбедување, со оглед на тоа што во него се наоѓа и „Златната соба“, поставка во која се изложени околу 500 златни и позлатени предмети од временски период подолг од 25 века. 

Поврзани вести