Skip to main content

Концертот „Музички моменти“ вечерва во Културно-информативниот центар во Скопје

„Музички моменти“ е насловот на концертот што ќе се одржи вечерва во 21 часот во Салон 19,19 при Културно-информативниот центар во Скопје. Настанот е дел од манифестацијата „Бела ноќ“. Ќе настапат: Николина Ефтимова Тодоровска и Јана Тодоровска на флејта и Верица Шотаровска – на пијано.

Концертот „Музички моменти” претставува спој на различни музички стилови, кој ќе не’ однесе од барокот, преку романтизмот до современото музичко творештво, изразено преку композиции за две флејти и пијано, како и соло композиции за флејта и пијано. Преку магичниот звук на флејтата и пијаното, публиката ќе има можност да слушне различни формации и да препознае класични и познати композиции.

Поврзани вести