
На 4 јули (петок) во 19.30 часот на летната сцена на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе се одржи концерт на женскиот камерен хор „Керамија“. Концертот се реализира со поддршка на Министерството за култура и туризам. Гости на концертот се КУД „Стив Наумов“ од Битола и Градскиот камерен хор „Астибо“ од Штип.
Во хорот членуваат ентузијасти и вљубенци во хорската уметеност.
Специфично е името „Керамија“ но тоа го означува античкот град Керамија, кој се простирал на задниот дел и ѕидините од Марковите Кули, кој е синоним на градот Прилеп.
.„Керамија“ е единствениот еднороден женски хор во Прилеп, во него членуваат и аматери и девојки со музичко образование, но со голем стаж во хорската уметност, кој во многу кратко време покажа дека можи да се носи со тежина на материјал, обемна работа и професионалност на рамниште со професинални хорови. Хорот со досегашната работа има обработено композиции од духовен карактер, комерцијални англиски и божиќни хитови и македонски староградски и народни песни.
Целите на хорот е да се негува хорското пеење и традиција како дисциплина. Афирмација како единствен женски хор од Прилеп за афирмација во Македонија и за афирмација и надвор од границите на државата.