Вечерва, со почеток во 19:00 часот, во центарот на фондацијата „Rumeli Turkleri Vakfi – RUTEV“ во Фатих, Истанбул, концерт ќе одржи Kултурно-уметничкото друштво „Џеладин Зеќири“ од Тетово.
Настанот е дел од годишната програма на македонскиот Културно- информативен центар во Истанбул.
КУД „Џеладин Зеќири“ е еден од најзначајните фолклорни ансамбли, со над 70 години историја во зачувувањето и афирмацијата на албанската култура, традиција и обичаи од Македонија. Со своите настапи, тие не само што ја одржуваат живата традиција, туку и ги освојуваат срцата на публиката низ светот, од локални сцени до меѓународни фестивали. Настапот во Истанбул ќе биде можност за публиката да ужива во раскошот на традиционалната музика, кореографиите и носиите што го доловуваат богатството на фолклорот.