Skip to main content

Концерт на Филхармонија вечерва во Струга

Оркестарот на Филхармонија вечерва од 19 часот ќе одржи концерт во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, со што ја продолжува својата мисија за промоција на класичната музика во градовите низ државата.

Под диригентската палка на маестра Бисера Чадловска, оркестарот пред струшката публика ќе се претстави со програма составена од музика од познати балети.

На репертоарот се Суита бр. 2 од балетот „Лабин и Дојрана” од македонскиот композитор Трајко Прокопиев, Полонеза, Валс, Танц на четирите лебеди и Шпански танец од балетот „Лебедово езеро“ на Петар Илич Чајковски, Па де де од балетот „Дон Кихот“ на Лудвиг Минкус, како и „Валпургиска ноќ“ – балетскиот дел од операта „Фауст“ на Шарл Гуно.

Гостувањето на оркестарот на Македонската филхармонија се реализира во соработка со градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура.

Поврзани вести