Skip to main content
P6QC9rZo14M

Јовица Никчевски, директор на НУБ „Св. Климент Охридски“: Библиотеката со години не добиваше сретства за инвестиции

Протекувањето во Националната универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, проблем кој со децении ја нарушуваше работата на објектот и го загрозуваше книжевното богатство, конечно ќе биде решен.

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, при посетата на НУБ „Свети Климент Охридски“, пред неполна година, најави дека дека годинава ќе бидат одобрени средства за реновирање на третиот и петтиот блок во оваа установа, која поради негрижата на претходната власт била оставена на забот на времето. Најавени беа повеќе инвестиции, меѓу кои санација на фасадните површини, а во употреба ќе се стави и новиот дел на зградата, каде се планира да биде отворена мултимедијална читална.

Пред неполна година направивме увид во Библиотеката и она што го видовме беше во очајна состојба, при што ветивме дека ќе преземеме големи чекори за санација на овој значаен објект. Од тој период до сега, заедно со директорот, ги направивме сите процедури. Конечно заврши јавната набавка и обезбедени се речиси 24 милиони денари за санација во првата фаза, а тоа се блоковите три и пет и целосна поправка на покривот, за да немаме повеќе протекување во објектот. По долги години првпат се случува ваков вид на санација и се надевам дека по завршувањето на овој опфат, некаде до крајот на годинава, ќе продолжиме со останатите фази и санација и на другите делови. Исто така, избран е и надзорот за проектот, што значи дека започнуваме со санација на овој значаен објект, истакна министерот Љутков.

Директорот на НУБ „Св. Климент Охридски“ вели дека итно им се потребни сретства за реновирање на Библиотеката.

Зградата, која е ремек-дело на познатиот архитект Петар Муличковски, конечно ќе добие соодветни услови, а вработените и граѓаните современ, безбеден и функционален простор.

Во Националната и универзитетска библиотека “Св.Климент Охридски” ќе биде решен проблемот кој со децении ја нарушуваше работата и го загрозуваше книжевното богатство. Почна втората етапа – блокови 3 и 5 – од првата фаза за санација на рамната, непроодна тераса на Библиотеката. Оваа интервенција е од клучно значење за заштита на објектот, но и за нормално и достоинствено функционирање на оваа институција, која е чувар на пишаното културно и научно паметење на државата.

Никчевски, пак, посочи дека се работи за проект со кој ќе се реши проблем кој трае повеќе децении.

Со ова би ја завршиле првата фаза од проектот кој се состои од три фази. Првата фаза е покривната конструкција, лимовите и куполите, а по реализацијата започнуваме со втората и третата фаза согласно со обезбедени средства од страна на Министерството за култура. Втората фаза опфаќа замена на плафонските стакла и таваницата, а третата фаза е реставрација на фасадата и на мермерните површини околу зградата, но тоа би било тековно согласно владината програма за обновување на библиотеката, кажа Никчевски.

За новиот дел од објектот кој бил пуштен во употреба во 2009, пак, посочи дека со години бил без соодветно греење и ладење.

Системот не е во функција повеќе од десет години, бил запостевен, не е сервисиран и библиотеката во тој простор не може да се користи. Таму правиме напори и сме во завршна фаза за отворање на мултмедијална библотека. За кратко време, со почетокот на новата училишна и академска година планираме  да го отвориме, па и тој дел од зградата би бил во функција, додаде Никчевски.

Подготвија:

новинар: Невена Поповска

фото/ видео: Александар Ивановски

монтажа: Александар Арсовски

Поврзани вести