
На 8 јули2025 (вторник), со почеток од 18:30 часот, во галеријата на Македонскиот културно-информативен центар во Софија ќе биде отворена изложбата „Бисерите на Мал Битолски Монмартр 2О25“, составена од детско ликовно творештво, создавано во рамките на светската детска ликовна колонија Мал Битолски Монмартр.
Изложбата на Колонијата Мал Битолски Монмартр го претставува македонското културно наследство преку делата на децата од различни земји во светот. Колонијата Мал Битолски Монмартр генерирала ликовни дела во текот на 43 години работа со млади ликовни таленти.
Овој извадок од големиот број детски творби ја прикажува старата македонска архитектура – култура и традиција. Тоа е детското ликовно творештво кое се акумулира низ годишната програма на здружението, кое собира и над 50.000 детски ликовни цртежи од над 8О држави од светот со учество од над 800 училишта, како и над 8ОО создадени ликовни уметнички дела од млади ликовни таленти.
За светската детска ликовна колонија Мал Битолски Монмартр:
Светската детска ликовна колонија Мал Битолски Монмартр се реализира без прекин и покрај 2 години глобална Пандемија и смртта на идејниот творец – ликовниот педагог професор Коста Хаџи-Антоновски [ 1935 – 2О21 ].
Низ 43 година Македонија преку МБМ била домаќин на над 7.5ОО млади ликовни таленти – уметници кои твореле низ улиците на Битола – Охрид – Крушево – Вевчани и битолското село Буково и Манастирот Свети Јован Бигорски на тема староградска – манастирска и урбана архитектура. Низ 43 година создадени се над 15.ООО уникатни детски ликовни дела на темата од кои 8О% се донирани на општински установи – здравствени установи – детски градинки и школи – општествено одговорни установи и фирми како и Дипломатско конзуларни претставништва низ цел свет како секоја земја освен со своја делегација е претставувана и преку Амбасадорот или Генералниот или почесен Конзул на истата во Македонија.
Ова самото по себе е и директна причина ИОК [ Интернационалниот Олимписки Комитет ] во 2ООО година директно да ја покани организацијата со свои дела и ученици да твори на пет последователни Олимписки игри и тоа: Сиднеј – Австралија; Атина – Грција; Пекинг – Кина; Лондон – Обединетото Кралство Англија; Рио – Бразил и Токио – Јапонија.
Мал Битолски Монмартр е иницијатор за формирање на сите активни светски детски колонии во светот чии основачи побарале дозвола за копирање на организационата форма од ликовниот педагог професор Коста Хаџи-Антоновски кој и според УНЕСКО се смета за татко на организираната заедница на детски ликовни педагози и ликовни школи за оценка и проценка ( наградување ) на квалитетот на детското ликовно сликарство на светски рамки.
Од МБМ произлегле светските детски ликовни колонии во Хонг Конг ( Кина ); Белград – Србија; Пиатра Неамт – Романија; Евора – Португалија; Мал Монмартр во Пловдив и Софија итн. а во најава е формирање на нови светски детски ликовни колонии кои би се реализирала во Тел Авив – Израел и Трабзон – Турција во своето прво издание во 2О25 година.
Во 2О25 година фестивалот е во постапка за членство во EFA [ Европската Асоцијација на Фестивали ] од кој ни е одбрено користење на ознаката EFFE 2О24 – 2О25 [ Europe For Festivals – Festivals For Europe ].