
Во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје денеска ќе биде отворена изложбата „Рацете на традицијата“ на авторката Елизабета Марковска.
Изложбата, реализирана во соработка со Најмалиот етнолошки музеј во светот во село Џепчиште, е посветена на традиционалните занаети и нивната трансформација од минатото кон современоста. Преку рачно изработени предмети и фотографии, посетителите ќе можат да ги откријат приказните зад секое дело, да се запознаат со мајсторите занаетчии и да почувствуваат како преку нивните раце традицијата добива нов живот.
Поставката ќе биде отворена за јавноста до 15 декември.

Македонски






