
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) до комисии во Собранието поднесе иницијатви за изменување и дополнување на Законот за високо образование и на Законот за култура.
До собраниската Комисија за култура и туризам, пак, е поднесена информација за потребата од измени и дополнувања за Законот за култура „со цел отстранување на утврдена индиректна и продолжена дискриминација кон носителите за државни награди од областа на културата и уметноста“.
Иницијативата се однесува на нееднаквата, односно различна методологија за пресметување на висината на надоместокот на корисниците на државните награди, наведува КСЗД во соопштението.

Македонски





