Skip to main content

Големата изложба „Атила“ синоќа беше отворена во Будимпешта

На покана на Унгарскиот национален музеј како дел од Македонската делегација, ми беше чест што бев дел од големата изложба„Атила“ која синоќа беше отворена во Будимпешта Р.Унгарија.Со свои артефакти изложбата ја збогатија 400 артефакти од 64 музеи од 13 земји меѓу кои и артефакти од Национален археолошки музеј , информираше на социјалните мрежи директортката на УЗКН, Велеса Честоева.

На отворањето на изложбата се обратија Балаш Ханко, министер за култура и иновации, Јанош Наѓ, државен секретар задолжен за Кабинетот на премиерот, д-р Габор Жигмонд, претседател на Центарот за јавни колекции на Унгарскиот национален музеј, како и Султан Раев, генерален секретар на ТУРКСОЈ. Меѓу присутните беа шефови на дипломатски мисии, државни секретари и заменик-државни секретари, како и генерални директори на музеи, бројни историчари и стручњаци.

Поврзани вести