
Вечерва (29 октомври), во Three Kitchen Bar, од 19 ч., ќе се одржи промоција на новата книга на Коста Петров, „Гласот во твојата глава“, во издание на Издавачки центар ТРИ.
По големиот успех на неговите претходни книги, Петров се враќа на сцената со дело што ветува да ја допре најдлабоката точка во секој читател.
„Гласот во твојата глава“ е искрена, сурова и интимна автобиографија на гласот што секој од нас го носи во себе – гласот на стравот, сомнежот и самосаботажата.
Преку лични приказни и длабоки размислувања, Петров ги води читателите низ најтешката, но и најважната битка – битката со самите себе. Оваа книга не е само сведоштво, туку и покана за ослободување, прифаќање и враќање на тишината во умот.
„Гласот во твојата глава“ е книга што ќе ве натера да застанете, да се слушнете себеси и конечно – да го запознаете гласот кој толку долго живее во вас.
Насловот веќе цел месец е во претпродажба, а интересот постојано расте. Токму затоа, од Издавачки центар ТРИ најавуваат уште еден успешен бестселер на авторот, многу изданија и многу „излечени“ глави и срца.
Настанот е отворен за сите љубители на литературата, психологијата, самооткривањето и самоподобрувањето.

Македонски








