Skip to main content

Француски уметник вечерва во живо ќе црта стрип-приказна во пијано придружба на сцената на МКЦ

Во рамките на промоцијата на стрипот и дигиталната уметност, Францускиот институт во Скопје и „Макстрипови“, во соработка со Младинскиот културен центар (МКЦ), организираат иновативен настан кој претставува спој на стрип и музика, наменет за сите возрасти.

Kонцертот и цртањето на стрип приказна во живо и на сцената на МКЦ, ќе се одржи в четврток 29 мај 2025 година, со почеток во 20 часот. Ќе црта францускиот стрип-цртач и концептор на видео игри, ВИДУ, во музичка придружба на пијанистката Марина Васиљева.

Виктор Дулон – ВИДУ е концептор на видеоигри и доаѓа од Бордо, Франција. Работел во многу компании на различни позиции – од 3Д моделирање до предавач на Школата за видео анимации во Бордо. Во неговата кариера има остварено низа соработки со познати продукциски куќи, меѓу кои е и неговиот ангажман, од 2019 до 2022 година, за славните Марвел комикс и нивниот проект „Видео-комикс“, каде создаваат спој помеѓу стрипот и видео игра.

Добитник е на првата награда за најдобар стрип на Стрип-фестивалот во Ангулем, во 2017 година.

Влезот е слободен, со претходна резервација.

Поврзани вести