
На 02.07.2026г. (четврток) со почеток во 19:00 часот во Националната галерија на Македонија – Мала станица ќе се отвори фотографска изложба на Зоран Андонов и Драги Неделчевски насловена „Два погледа на документарната фотографија“. Куратор на изложбата е Александар Кондев.

Изложбата на Зоран Андонов и Драги Неделчевски претставува две различни, но длабоко поврзани визии на документарната фотографија. Низ фотографии создадени во текот на повеќе децении, Андонов го бележи ритамот на јавниот живот и колективните ритуали, додека Неделчевски го насочува погледот кон тивките, секојдневни сцени исполнети со лична и поетска атмосфера. Две различни авторски перспективи што заедно создаваат интимен и искрен визуелен дијалог за времето, животот и погледот кон светот.
Истата вечер (02.07.2026г. – четвтрок) со почеток во 20:30 часот во Музејот на македонската борба за самостојност ќе се одржи концерт насловен „Кларинет во придружен гудачки квартет“. Изведувачи се: Бранко Павловски – кларинет, Камелија Дуковска Зефиќ – прва виолина, Бранислав Автовски – втора виолина, Марија Димитријевиќ – виола и Енис Аљи – виолончело.
Во овој концертен проект кларинетот и гудачкиот квартет создаваат суптилен музички дијалог во кој се преплетуваат лириката, виртуозноста и емотивната длабочина. Програмата ги обединува елегантната минијатура Pagina d’Album од Микеле Мангани, монументалниот Кларинетски квинтет во h-moll, оп.115 и современиот македонски музички израз преку делото Кога бев дете од Марјан Јанкоски. Концертот претставува патување низ различни музички светови, каде традицијата и современоста се среќаваат во еден заеднички звучен простор.
Билетите се во продажба на karti.com.mk.

Македонски


