
Оваа изложба е проект која претставува своевидна синергија помеѓу етнологијата и ликовната уметност толкувајќи ги и разработувајќи ги етнографските елементи во овие уметнички дела создадани кон крајот на 19 и првата половина на 20 век. Вкупно 52 дела од колекцијата на галеријата ќе бидат изложени, дел од нив не многу познати и изложувани пред пошироката јавност.
Во објект на Националната галерија, импозантниот Чифте амам, публиката ќе може да погледне во простор повеќе од 50 дела од истакнати македонски и балкански автори кои твореле инспирирани од животот во Македонија во едни други поразлични времиња.
Самиот објект дава една друга димензија, ќе придонесе самите дела ги почувствувате автентично и да ви доближи едно друго време.
Поради набиениот календар на Нациналната галерија, изложбата ќе трае помалку од три недели, затоа искористете го убавите пролетни денови и посетете го Чифте амам и изложбата Етнографија…
———
Изложбата „Етнoграфија во делата од колекцијата на Националната галерија“ е дело на Александар Ристевски, кој работи во Националната галерија на Македонија од 2010 година, прво во одделението за маркетинг и дизајн, а подоцна како кустос-етнолог во Одделението за депо и документација, при самата Национална галерија.
Колегата Ристевски од 1 април 2026 година е избран за директор на Музејот на Македонија, па оваа изложба како проект аплициран од минатата 2025 година е своевидно времено збогување со нашиот колега, кој има нов професионален ангажман во институцијата во непосредна наша близина во Чаршијата.
Соработник за изложбата и автор на текст во каталогот е и колегата м-р Владимир Таневски, кустос во Одделението за депо и документација, во Националната галерија.

Македонски


