Skip to main content

Ексклузивна изложба во Св. Согија, досега неприкажана во Македонија, на ракописи и старопечатени книги

Ексклузивна изложба на ракописи и старопечатени книги од Националната библиотека на Македонија, која досега не е прикажана во Македонија, е изложена во црквата Света Софија во Охрид.

Меѓу истакнатите дела се оргиналните ракописи од 13, 14 и 16 век како и Тројазичниот речник од Ѓорѓија Пулевски кој годинава слави 150 години од своето издавање и делото на Крсте Петков Мисирков „За македонцките работи“ од 1903 година.

Денеска, по повод 24 Мај – Ден на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, во Св. Софија ќе се одржи свечена академија насловена „Светилник низ векови и за иднината“, каде говор ќе има и премиерот Христијан Мицкоски, Ректорката на УКИМ и поглаварот на МПЦ г.г.Стефан.