Skip to main content

Директорот на НУБ, Јовица Никчевски и раководителката на сектор Зорица Јаковлеска Спировска во работна посета на Германската национална библиотека во Лајпциг

Фејсбук

Директорот на НУБ Јовица Никчевски и раководителката на сектор Зорица Јаковлеска Спировска остварија работна посета на Германската национална библиотека во Лајпциг, Република Германија.

Во рамките на посетата беше одржан и работен состанок со генералниот директор на Националната библиотека на Република Германија и актуелен претседател на ЦЕНЛ (Conference of Europian National Librarians) Франк Шулце и со директорот на Националната библиотека во Лајпциг (Саксонија) Јоханес Ноер.

На состанокот беше разговарано на повеќе теми меѓу кои и на теми од областа на меѓународната библиотекарска и експертска соработка при што се утврди дека двете национални библиотеки имаат исти заложби особено во размената на искуства, практики и стручност, како и потребата од продлабочување на соработката меѓу нашите две институции.

На средбата беше присутен и македонскиот амбасадор во Република Германија, Илбер Села, којшто ги истакна своите намери за подобрување на соработката меѓу двете страни и дека се става на располагање за каква било помош од амбасадата.

Библиотеките мора да бидат мостови за меѓународна размена, соработка и разбирање.

Поврзани вести