
Денес, со почеток од 19 часот, на платото пред книжарницата Или-Или, ќе имате можност да присуствувате на нижевно-музичко-визуелно-сетилно патување низ Унгарија со преведувачот Златко Панзов, музичкото дуо BudaPesme и илустраторката Богларка Фодор. На настанот ќе имате единствена можност да пробате дел од најдобрите унгарски вина.
На овој ден посветен на унгарската книжевност, набавете ги најзначајните современи унгарски книги по промотивни цени.
Уживајте во настапот на унгарското дуо BudaPesme – Вероника Варга и Бенедек Рети преку интерпретирањето на македонски, српски, босански, грчки и турски песни го оживуваат духот на Балканот.
Истражете ја визуелната уметност на Богларка Фодор – нејзините илустрации откриваат нова, топла перспектива на македонското секојдневие.
Запознајте го Златко Панзов, добитник на наградата „Драги“, културен мост меѓу Македонија и Унгарија.
Настанот е организиран од Или-Или и Balkan Heritage Cultural Center со поддршка на Амбасадата на Унгарија во Скопје.