Skip to main content

Балетот при МОБ на меѓународна турнеја во Холандија и Белгија со „Лебедово езеро“ и „Заспаната убавица“

Балетот при МОБ започнува меѓународна турнеја во Холандија и Белгија од 14 до 19 октомври 2025, информираат од Балетот.

Нашите уметници, Марија Кичевска Шокаровска, Наташа Трендафилова Гицев, Франциско Хименес Руиз, Балаж Лочеи заедно со балетскиот ансамбл на МОБ ќе настапат на престижни сцени како што се: Toon Hermans Theater, Theater aan het Vrijthof, Trixxo Theater, Capitole Theater и Stadsschouwburg Antwerpen, а ќе се претстават со балетските претстави „Лебедово езеро“ и „Заспаната убавица“.

Балетот ќе биде придружуван од Филхармонискиот оркестар на Молдавија, под диригентската палка на маестро Михаил Агафита.

Горди сме што нашите уметници ќе настапат пред европската публика!

Поврзани вести