
Балетската претстава „Госпоѓа Бовари“, инспирирана од истоимениот роман на Госпоѓа Бовари од Г. Флобер, повторно ќе биде изведена на сцената на Македонска опера и балет, по претходните успешни изведби и позитивните реакции од публиката и критиката.
Претставата ќе се одржи на 23 јануари 2026 година, со почеток во 19:30 часот, а станува збор за современа балетска интерпретација која се одликува со силен визуелен израз и емоционално наративен пристап.
Балетот ја следи приказната за Ема Бовари, жена разорена меѓу соништата за страст, слобода и исполнет живот и суровата реалност во која живее. Преку современ кореографски јазик и изразителен танц, претставата го истражува судирот меѓу фантазијата и стварноста, како и вечните теми на незадоволство, копнеж и идентитет.
Од МОБ информираат дека билетите се веќе во продажба, а заинтересираните можат да извршат резервации преку официјалните продажни канали или директно во билетарницата.
Балетот „Госпоѓа Бовари“ важи за едно од поретките сценски доживувања на домашната балетска сцена, кое на современ начин го преиспитува класичното книжевно дело и неговата актуелност денес.

Македонски




