
СВР Струмица поднесе кривична пријава против Р.К.(62), Ж.Д.(56), Е.Д.(42), Ж.К.(67), З.Ј.(56), Ј.Т.(45) и Р.А.(55), сите од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.
Во периодот од 2021 до 2025 година, пријавените-вработени во Агенција за вработување на РСМ – Центар за вработување Струмица, во системот на АВРМ пријавиле лица државјани на РСМ како активни баратели на работа, кои биле надвор од државата, и на тој начин постапиле спротивно од Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност по член 59 – а. Лицата кои биле во странство користеле и гарантирана минимална помош, а која требало да биде укината и со тоа на државата и нанеле штета во вкупен износ од 333.968 денари, соопшти МВР.