Skip to main content

Воз удрил во патничко возило во Велес

FREEPIK

Во Велес вчера се случила железничка несреќа, воз удрил во патничко возило.

Во СВР Велес вчера било пријавено дека околу 09.34 часот на железничкиот премин на регионален пат Велес-Извор, во близина на поранешната фабрика „Порцеланка“ кај Велес, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки управуван од 23 годишниот Ѓ.О. од Чашка и патнички воз сопственост на Македонски железници, управуван од 39 годишниот К.З. од Скопје.

Во несреќата нема повредени лица, информираше велешката полиција.

По овластување на јавен обвинител, увид извршила увидна екипа од СВР Велес.

Патниот сообраќај за време на вршење на увидот се одвивал наизменично во двата правци, а железничкиот сообраќај бил во прекин во периодот од 9.34 до 10.45 часот.

Поврзани вести