
Ученик од шесто одделение од прилепското основно училиште „Гоце Делчев“ во Прилеп вчера попладне паднал од трети кат и се здобил со тешки повреди. По укажаната прва помош, префрлен е на Детската хирургија во Скопје.
Според началникот на Итната медицинска помош од Прилеп, Боше Милошески, биле повикани вчера во 14:40 часот, а 11-годишниот ученик бил во полусвесна состојба. Веднаш беше префрлено на Одделот за анестезија во Прилепската болница. Од првичните прегледи се констатира дека има фрактури на едното стапало и сомнеж за скршеници на градните пршлени. Веднаш беше префрлено на лекување на Детската хирургија во Скопје, изјави Милошевски.
Директорот на Детската хирургија Лазо Јовчески за МИА информира дека детето е во стабилна состојба, вон животна опасност.
Увид на местото на настанот направила полицијата околу 15 часот и се работи на расчитување на случајот.
Од училиштето најавија дека ќе се обратат преку сопштение.