Skip to main content

Уапсено е лице што за време на натпреварот во Куманово се обидело да внесе транспарент со навредлива содржина

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи (СВР) Куманово денеска лишија од слобода триесетгодишен кумановец што се сомничи дека за време на полувремето на кошаркарскиот натпревар во Куманово се обидел да внесе транспарент со навредлива содржина, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

По расчистувањето на случајот против него ќе следи соодветен поднесок.

Според МВР, во врска со кошаркарскиот натревар што се одржа на 02.08.2025 година во Спортската сала во Куманово, во полициска станица се повикани неколку осомничени лица со кои е извршен службен разговор.

По извршени анализи во координација со Основното јавно обвинителство (ОЈО) Куманово, против инволвираните лица ќе бидат преземени конкретни законски мерки, вклучително и кривични постапки.

Од МВР апелираат до сите граѓани и членови на навивачки групи да ги бодрат спортистите миленици, но да навиваат спортски, исклучиво во спортски дух, без говор на омраза, без какви било навреди по лична, етничка, верска или која друга припадност што не соодветсвува на спортски натпревари и е спротивно на законот.

„Полицијата ќе биде крајно ригорозна по однос на какви било нарушувања на јавниот ред и мир, односно какви било навредливи скандирања врз база на национална, етничка или верска припадност ќе бидат најстрого санкционирани, без никаква толеранција“,се вели во соопштението од полицијата.

Само спортско навивање, според МВР, може да ни донесе успеси, победи и спортски радости.

Поврзани вести