
Вечерва на патот Кичево-Гостивар помеѓу Кичево и село Трапчин Дол се случила тешка сообраќајна несреќа во која како што информира портпаролот на СВР Охрид загинале три лица.
Во 20.55 часот е пријавено дека се случила сообраќајна незгода на патот Кичево-Гостивар, помеѓу Кичево и село Трапчин Дол во која учествувале три возила. Според првичните информации три лица починале како последица на добиените повреди, осум лица се повредени и дел од нив се пренесуваат во болницата во Кичево дел во Клинички центар Мајка Тереза во Скопје. Сообраќајот е во прекин во двата правци за сите видови возила, вели Стефан Димовски, портпарол на СВР Охрид за ТВ21.
Претходно, АМСМ информираше дека поради сообраќајна незгода што се случила на магистралниот пат А2, на делницата Кичево – Гостивар, во близина на местото Сеферов Бунар меѓу Кичево и селото Трапчин Дол, сообраќајот е во целосен прекин во двата правци.