Skip to main content

Тинејџерка со возило удрила во 81-годишен пешак, тешко е повреден

На 21.07.2025 во 18.50 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на ул.„Нада Циривири” во Прилеп, патничко возило „опел’ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 19-годишната Е.И. од Прилеп, удрило во пешакот М.Ѓ.(81) од Прилеп.

Во несреќата, пешакот М.Ѓ. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градска болница Прилеп.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од ОВР Прилеп.

Поврзани вести