Skip to main content
Кривичен суд

Судот не е виновен за црните сообраќајни точки, не може судија да претпостави дека обвинетиот ќе изврши друго кривично дело

Основниот кривичен суд Скопје, во кој судијката Даниела Алексовска-Стојановска на неосудуваниот 20-годишен Васил Јованов му изрекла пресуда – упатување во Воспитно-поправен дом за продажба на дрога – амфетамини, со соопштение праша дали за системскиот проблем со црните сообраќајни точки, каде не ретко се случуваат сообраќајни несреќи, вината е на судството?

Пред два дена Јованов, кој возел пијан, без возачка дозвола и минал на црвено светло со 120 км на час, 22-годишната Фросина Кулакова додека таа минувала на пешачки премин на булеварот Партизански одреди во Скопје, а вчера судија на претходна постапка му досуди 30 дена притвор.

Судот потенцира дека кога му се судело на Јованов за најдените 80 пакетчиња амфетамин, тој имал чисто досие, не бил осудуван, па со оглед на тоа што го наложува Законот за правата на децата, а судијката му дала шанса да се рехабилитира место да го стави во затвор.

Кривичниот суд вели дека кој било граѓанин кој претходно не бил во судир со Законите, може да предизвика сообраќајна несреќа со жртва заради недозволена брзина, управување под дејство на алкохол и непоседување возачка дозвола.

„Станува збор за општествен проблем!“, предупредува Судот.

Поврзани вести