Skip to main content

Стружанец фатен со пушки и оружје

Вчера во 08.00 часот, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода Џ.Д.(71) од с.Делогожда, струшко.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени ловечка пушка „Брно ЗХ 321“ калибар 16 милиметри, куршуми со калибар 8х57, ловечки патрони калибар 16 милиметри, други предмети и соодветна дозвола. При претрес во неговото возило „хјундаи“ со швајцарски национални ознаки, кое било паркирано во дворот, биле пронајдени и одземени ловечка пушка карабин 8х57 „Црвена Застава“, ловечки патрони калибар 16 милиметри и куршуми калибар 8х57, кои нелегално ги поседувал, соопшти МВР.

Додаваат дека по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани вести