
На регионалниот пат Маврово – Дебар, пред местото викано „Ростушко Анче“, вчера попладне се случи тешка сообраќајна несреќа во која повредени се четири лица, од кои едно со тешки телесни повреди, потврди полицијата.
Како што информираат од СВР Тетово, несреќата била пријавена на 24 јули 2025 година околу 17:30 часот во ОВР Гостивар, а во неа учествувале две патнички возила, „опел“ со гостиварски регистарски ознаки, управуван од С.Р. (45) од село Скудриње, и „фолксваген тигуан“ со словенечки регистарски таблички, управуван од Т.З. (59) од Дебар.
Во судирот со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „опел“, А.А., додека двајцата возачи и сопатничката од „тигуан“, Р.З. се здобиле со телесни повреди. Повредените се префрлени во Медицинскиот центар во Дебар, каде што им била укажана лекарска помош.
Увид на местото извршила екипа од ОВР Дебар, со цел утврдување на причините за несреќата.