Skip to main content

Скопјанец со измама и го присвоил „аудито“ на поранешната партнерка

Freepik

СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.З.(36) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“.

Пријавениот во мај 2024 година присвоил патничко возило „ауди а6“, сопственост на негова поранешна вонбрачна партнерка. Таа му дала клучеви од нејзиниот стан во Куманово, при што тој искористил прилика и ја одзел целокупната документација за возилото, врз основа на која изготвил фалсификуван договор за купопродажба на возилото кај нотар, на кој фиктивно како продавач ја навел оштетената.

Потоа, договорот го употребил како вистински во постапка за регистрирање на возило за промена на сопственост на негово име, соопштија од полицијата.

Поврзани вести