Skip to main content

Сарамаков доби 30 дена притвор

Вкупно 30-дена притвор му е одреден на Ангел Сарамаков, членот на обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски кој вчера беше приведен за кривичното дело „оддавање службена тајна“. Казните за ова дело се од една до 20 години.

Сарамаков беше уапсен на паркинг пред хотел во Велес. При претрес на неговото возило бил пронајден ранец со службени материјали од МВР. Дополнителните претреси на повеќе локации резултирале со заплена на електронски уреди, службени документи и други предмети значајни за истрагата.

Тој беше дел од обезбедувањето на Мицкоски по промената на власта. Првичните информации се дека тајните полициски информации се продавани на припадници на криминалниот клан Грчец. Од владата посочија дека истрагата треба да утврди што се случило и дека безбедноста на премиерот не е загрозена. Од СДСМ утрово прашаа како овиде доверливи информации стигнале до Сарамаков и како тој воопшто има допир со овие податоци.

Поврзани вести