Skip to main content

Ресенчанец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново

Секторот за односи со јавност при СВР Битола информира дека синоќа во 19:50 часот евидентирале пријава за напад на ресенчанец од мечка.

Од СВР Битола посочуваат дека во ресенското село Курбиново, Н.И.(41) жител на истото село, додека собирал печурки, бил нападнат од мечка. Веднаш по нападот Н.И. бил однесен во Битола по што му била укажана лекарска помош во Клиничката болница.

Поврзани вести