Skip to main content

Пронајден е возачот што го загрози сообраќајот на патот Куманово – Крива Паланка

Возачот кој денеска со несоодветно и опасно однесување го загрози движењето на регионалниот пат Куманово – Крива Паланка е идентификуван и санкциониран, велат од МВР.

Од таму појаснуваат дека, по објавата на социјалните мрежи каде се гледа камионот како го попречува сообраќајот, полициските службеници презеле мерки и го пронашле возачот С.С. од Куманово.

„На лицето му е издаден прекршочен платен налог, а во присуство на полициски службеници му беше наложено и веднаш да го исчисти коловозот“, додаваат од Министерството.

Поврзани вести